„Гласно“ репортер известува дека на патниот правец кон браната Гратче, на кривината веднаш над влезот во Спортско-рекреативниот центар „Бавчалук“ има одрони на патот.
Одроните се на десниот дел од коловозот, а бидејки се во кривина, постои опасност по безбедноста на возачите и пешаците, особено при разминување на две возила.
Апелираат надлежните служби да ги отстранат одроните што е можно поскоро.