Пожарот на ридот Сламерник во селото Бело е локализиран и ставен под контрола.
Пожарникарите заедно со месното население успеаа да направат обрач и да го локализираат пожарот. Според информациите од терен изгорени се неколку насади со лозје и сува трева.
На помош на кочанските пожарникари се и екипи од виничката противпожарна служба.
Поради пожарот без електрична енергија е целото село.
Пожарникарите и месното население се на терен и го контролираат опожареното место да не дојде до повторно разгорување на огнот.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов