За здрав живот во Кочани: Потсетуваме на нашите барања кои се обврска и услов за здрав живот во Кочани

Почитувани,

Продолжува кампањата во пресрет на рестартирањето на фабриката „Пејпер Мил“.

Вчера на една регионална телевизија ТВ „Стар“ со вадење на дел од изјава пробаат да ја дефокусираат јавноста од темата чист воздух во економско прашање.

Да ги потсетиме на нашите барањата кои се обврска и услов за здрав живот во Кочани.

1. Да се запре со работа на котелот на пелети доколку се надминат емисии на 50 mg/m3 прашина и да продолжи да работи на котелот на метан. Вградување на филтер за сузбивање на миризба.

2. Емисиите на прашина да се мерат континуирано и да се објавуваат на веб страната на „Пејпар Мил“.

3. Да се изгради и пушти во употреба станицата за пречистување на отпадни води во најитен можен рок и да се исчистат лагуните во кои се врши таложење на отпадните води.

4. Да се работи на доведување гас од Штип до индустриски зони Кочани и Виница.

5. Да се лоцираат и санкционираат и другите загадувачи во Кочани како на воздух така и на вода и почва.

6. Контрола на квалитетот на храната во нашата општина.

Сето ова е во интерес на сите граѓани на Кочани. Размислувајте не само колку чини технологијата туку и за вработените и нивното здравје и егзистенција.

Овие барања ќе бидат доставени до сите институции, инспекторатот и политички чинители од кои ќе бараме поддршка за овие барања.

Здравјето нема цена!!!.

За здрав живот во Кочани

Сподели: