В сабота, 28. протестен „Марш за ангелите“ во Кочани

В сабота, 25 октомври, со почеток од 15:05 ч. во Кочани ќе се одржи 28. протестен „Марш за ангелите“ за поддршка на семејствата на починатите во пожарот во „Пулс“.

Протесниот марш ќе започне од Паркот на револуцијата, преку Трговскиот центар до зградата на Управата за јавни приходи и кочанската полиција. Потоа поворката ќе продолжи кон кружниот тек кај двојниот мост каде ќе има кратко запирање-блокада од двете страни. Оттаму учесниците на маршот ќе се упатат пред зградата на Основниот суд и обвинителство во Кочани и назад кон Паркот на револуцијата.

Од ЗГ „16 Март 2025 г. Кочани“ ги повикуваат сите граѓани да се приклучат на протестот и да дадат поддршка за правда за 63-те жртви од кочанската трагедија.

Сподели: