По невремето во Кочани: Патиштата проодни, екипите утре продолжуваат на терен

По денешното невреме што го зафати Кочани, доцна вечерва во просториите на Општина Кочани се одржа состанок на Кризниот штаб за заштита и спасување.


На состанокот беа разгледани и мапирани сите проблеми пријавени од граѓаните, а надлежните служби ги координираа досегашните активности на терен. Благодарение на нивната навремена интервенција, патиштата се проодни, а паднатите дрвја што предизвикуваа непроодност на повеќе улици се отстранети.


Утре, во раните утрински часови, екипите веднаш ќе продолжат со работа на терен, со цел целосно санирање на последиците од невремето и нормализирање на состојбата во сите погодени подрачја.

Сите надлежни институции се меѓусебно координирани и ќе останат во постојана комуникација, со цел навремено преземање на сите потребни мерки и обезбедување безбедност за граѓаните.

Општина Кочани им се заблагодарува на сите служби за нивната посветеност, професионалност и брза реакција, како и на граѓаните за трпението, разбирањето и соработката.

Сподели: