Скоро секоја девојка која сака шопинг живее во дебела заблуда, бидејќи вистински кралеви на шопингот се трговците кои со проверени трикови нѐ наговоруваат да купиме сѐ што не сме знаеле дека ни е потребно, а сега очајнички ни е потребно.
Ова се најчестите трикови на кои ќе „паднат“ голем број жени.
Бесплатни артикли со купувањето
Ова е згоден, но прилично евтин трик на кој паѓаат голем број купувачи. Можеби нема ни да помислите на марамчиња за бришење очила за сонце, пешкир за тенис, силно црвени чорапи и уште еден балсам за усни можеби, но ако е БЕСПЛАТНО, ќе ве поттикне за купување на производот кој инаку можеби ви е прескап.
Понуда 1+1
Купете еден производ и ќе добиете уште еден потполно бесплатно! Веројатно не ви паднало на памет да го купите ниту првиот, но сега ќе добиете два, а на касата најверојатно ќе ве разочара информацијата дека понудата важи само на ограничен асортиман или дека плаќате поскап производ.
Распродажба која кратко трае
„Голема распродажба, трае само еден ден!“ Пораката стигнува од вашата омилена парфимерија или бутик и вие брзате да ги претркате другите жени за да ги купите работите кои воопшто не сте ни имале намера да ги купите. Па, распродажба е, би било штета да ја пропуштите.
Последни броеви
Дали тоа навистина се последните броеви или само уште еден згоден трик?
„Ќе ви го дадам мојот попуст“
Можеби продавачката е само страшно љубезна (и непрофесионална), а можеби нејзиниот шеф ѝ рекол дека на овој начин полесно ќе продаде нешто кое и онака е на попуст.