Волонтери од општинската организација на Црвен крст – Кочани во заедничка соработка со членовите на Ротари клубот Кочани – Виница денеска засадија 400 садници багрем и бел бор, на еко-акцијата за пошумување и ревегетација на опожарените подрачја во подножјето на Осоговските Планини.
Акцијата се реализираше на површина од половина хектар на локација која во 2019 година беше опожарена и уништена поголема површина борова шума, во близина на Градската депонија.
– Акцијата имаше за цел ревегетација на просторот на која учествуваа 30-тина волонтери и членови на Ротари клубот Кочани-Виница. Акцијата се спроведе и е плод на заедничка соработка на Црвен крст и Ротари клубот, со поддршка на ЈП „Национални Шуми“ поддружница Кочани – соопштија од организаторите.
Садниците за пошумување ги обезбеди Општинската организација на Црвен крст – Кочани и Ротари клубот Кочани – Виница.
И. Матеничарски