Граѓаните да ги претпочитаат електронските комуникациски активности со Општина Кочани

Здравствената криза што ја предизвика болеста Ковид-19 придонесе за отсуство на поголем број службеници од администрацијата на Општина Кочани, што се одрази на  намалување на комуникациските активности со јавноста.

Од тие причини веб-страницата kocani.gov.mk од крајот на октомври не беше редовно уредувана, поради што Општина Кочани се извинува. Содржините со кои единицата на локалната самоуправа ја информира јавноста за редовното работење ќе бидат надоместени наредниот период.

Поради последиците во директната комуникација со граѓаните предизвикани од вирусната зараза, заради навремена и континуирана комуникација со граѓаните и решавање на комуналните, инфраструктурните и другите проблеми во надлежност на локалната самоуправа, Општина Кочани препорачува граѓаните да ја користат алатката „Пријави проблем“ од веб-страницата на Општина Кочани. На пријавениот проблем по електронски пат, општинските служби се должни да одговорат и да го најават рокот и начинот за неговото отстранување.

Сподели: