Жителка на Кочани вчера била измамена од непознато женско лице на кое дала златен накит за наводно растурање на магија.
Како што информораат од полицијата, „На 04.03.2021 во 18.00 часот во Полициската станица Кочани, 66 – годишна жена пријавила дека околу 16.00 часот била измамена од едно женско лице.
Според пријавеното, лицето дошло во нејзиниот дом и под изговор дека знае да растура магии, ја довело до заблуда и ѝ одзело златен накит. Се работи на расчистување на случајот“, соопштија од СВР- Штип.
Извор: Дневен билтен на СВР-Штип
Сподели: