Повеќе од јасно е дека човештвото ќе се соочи со едно големо зло а воедно и со еден друг следен стил на живот…
Ништо повеќе нема да биде исто…
Во еден временски момент се случи прекршување, општествен пресек, се случи SARS Cov2 или популарната Корона!
Еден добар милион апликации, тик-ток, преполни социјални мрежи, полициски часови ширум свет, економија даун, кредитни задолжувања, ловење во матно, едноставно многу работи вешто криени слабости во социјалниот мозаик излегоа на површина, многу искинати алки!
Формата и клиничката слика како болка во грло и покачена температура, тоа си го знаеме. Она што ни останува непозната е учената немоќ пред еден вирус. Реалност или колективна халуцинација?
Тука повеќе нема да говорам за Формата, но за Содржината, од кога, како, кој, зошто!?
Многу прашања без одговор!
Здравиот разум вели дека кај Ковид-19 нема ниту една клиничка новост. Што значи ова? Вирусот го напаѓа нашиот имун систем а со тоа настанува бојно поле. Нашиот имун систем ги убива нашите сопствени клетки кои го произведуваат вирусот.
Во случај со вирусни инфекции, треба да се убијат сопствените клетки кои после почетната инфекција, се претвориле во фабрики . Во случајот со Ковид -19, заради трупање на оштетени протеини и лешеви од мртви клетки, некрозата е во белите дробови, што доведува до губење на нивната функција, размената на кислород и јаглерод диоксид и доаѓа до гушење. Башка таложењето на леплив, тежок секрет кој паѓа во долните лобуси од белодробието и создава еден принцип на затната цевка, што по дифолт би значело уфрлање кислород во затната цевка, немање посебен ефект од машините за механичка вентилација.
По мое потребно е прво на се промени целиот концепт на живот, и поставеноста кон самиот вирус Covid 19.
И сега знаеме ли против што се бориме?
Излегоа од карантин, жителите на Вухан со анализи, искуства, студии и со концепт. Каде се загубија во тој лавиринт многу побогатите и оние со одлично здравствени системи.
Нејасното е тука дали се бориме против вирусите или против нивните последици, пр. Секундарната бактериска инфекција, до Пневмонија и смрт!?
Што е вистинската причина а што подржувач во целиот процес и всушност од што се умира?
Е сега ќе одиме во два правци, првиот е повеќе тестови-повеќе заболени. Вториот е многу малку тестови, многу неоткриени. Сосем друга насока е дали вистинскиот непријател е вирусот или начинот и концепт на негово справување?!
Силните системи се подготвуваат на големо, полски болници, хотели, стадиони… до недоглед варијати?
Други билдаат природен имунитет, а трети се вртат во круг…
Италија просекот според старост висок. Шпанија слично… стареењето, во суштина е само природен процес а Короната мал дел од него, секојдневие.
До пред 50 години луѓето кои беа над 65, 70 ги сметавме за стари. Со зголемувањето на квалитетот на живот веќе и ова не е толку чудно.
Сиромашните системи не размислуваат за свилена организација но за грубо преживување.
Културно и навремено самиот организам старее, добива нов лик и помала еластичност и сила. Се работи за слабеење на организмот, за дегенерација на животните функции.
Но, коронавирусот, според достапните податоци, не е исклучиво врзан за старата популација туку ги напаѓа и младите, луѓе во ек на силата, па дури и деца.
Коронавирусот дава вистински пример на инфективна болест поврзана со со самиот процес на стареењето. Но дали е секогаш така? Точно дека младите полесно се заразуваат и во суштина немаат потешки последици, а старите се заразуваат многу потешко но последиците најчесто се фатални ако се со коморбидитети. Зачудува просекот на години на смртните случаи.
Освен опремата, реагенсите тука е и начинот на живот, стрес и слабата исхрана која доведува до пад на заболениот организам.
Освен лековите било која комбинација, било кој експеримент на познато непознатата болест јас би ги потенцирал инхалациите, особено со чаеви, алкохол и препорака за јака исхрана, богата со зеленчук, протеини, би го доизградил имуниот систем се додека не добијам позитивен имунолошки одговор. . Освен тоа, би требало да создадеме силна спрега и солиден фит бек во работата.
Нас тука не треба да не интересира болеста туку здравјето на пациентот. Кај нас уште од старт проблемот е протоколарен, како и се друго.
Дали опасен или не, вирусот Covid 19 докажа поголема брзина кај неподготвените здравствени системи. Е сега ќе кажете паднаа и посилни?! Да, посилни, побогати ама не и поподготвени за еден ваков предизвик. Многу од истиов ресор нема да се сложат ама секој со својот памет, чунки и според националниот пристап и се покажа, еден голем недостиг на стратегија и план, ама долгорочен по организација, човекови ресурси, опрема, помош од светот и целосен карантин по теркот на Кина. Сите оние кои спроведоа различно од ова секој ќе плаќа различни фактури. Повиците за тестирање и ротации, повиците за организација по систем Бел план, контрола и координација…
Не е толку тешка болеста и вирусот колку нашиот неподготвен инает!!
Гоце Марков, дипломиран здравствен работник, член на комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ