ЈОУ Библиотека „Искра“ во соработка со ЛУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Велес и ЛУ „Народен Музеј“ – Велес го одбележува 21 Март, Светскиот ден поезијата „Уметноста на стихот, – спонтано прелевање на моќни чуства“.
Коста Солев Рацин, 115 години од раѓањето и 80 години од неговата смрт.
Во прогамата учество ќе земат:
Локална библиотека „Гоце Делчев“ – Велес, изложба од книги од Рацин и за Рацин, презентација и видео запис за животот и делото на Коста Рацин
Локална установа „Народен музеј“ – Велес, Изложба посветена на Рацинови средби
Изложба на ликовните дела од литературно – ликовната работилница „Инспирација – Бели Мугри“ инспирирана и посветена на стихозбирката „Бели Мугри“
Настанот е закажан за во вторник, во 12 ч. во ЈОУБ „Искра“ – Кочани
ЈОУБ „Искра“ – Кочани
