Новогодишни концерти на хорот при ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани

ООМУ „Ристо Јуруков“ и годинава продолжува со реализација на традиционалниот Новогодишен музички концерт на основното музичко училиште од Кочани.

Годинава концертите ќе се одржат на отворено, во Паркот на револуцијата во рамки на Новогодишниот базар.

Хорот на ООМУ „Ристо Јуруков“ ќе се претстави пред кочанската публика на 27.12 (вторник) од 15 ч. , на 28.12 (среда) од 12 ч. и на 29.12 (четврток) со почеток од 17 ч.

Новогодишните концерти и годинава се организираат под покровителство на Општина Кочани.

И. Матеничарски

Сподели: