Во прилог ви го пренесуваме текстот интегрално:
Почитувани сограѓани, почитувани медиуми!
Сакаме да ја информираме јавноста за неодговорното и несовесно работење на Директорот на Ј. З.У.,,Општа болница со проширена дејност ” Кочани.
Иако сме На почетокот на месец Декември и официјално одамна е започнатата грејна сезона во Ј. З. У.,, Општа болница со проширана дејност”-Кочани за пациентите нема греење, не се обезбедени минимум услови и соодветна топлина по одделенијата, додека вработените се греат на греалки.
Новите клими завршија на хирургија и во управата.
Директорот ги лекува лежечките болни со Спартанска медицина. Пациентите во Кочанската болница и овие денови се во потрага по ќебиња! Власта уште еднаш го покажа своето деструктивно лице
Исклучок е Детското одделение и Управата каде просториите се загреваат со клими.
Менаџментот на болницата треба сериозно да размисли за здравјето на пациентите и на вработените во истата.
Доаѓа време за одговорност за ваквите неодговорни постапки.
Крајот на ваквото изживување доаѓа на 12 април
Со почит!
Претседател на ВМРО ДПМНЕ ОК Кочани, Миле Лефков и
Центар за комуникации при ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани