Во присуство на голем број верници, денеска во Кочани беше осветен параклисот посветен на светецот Свети Јован Крстител чие име го носи малата црквичка.

Осветувањето е во пресрет на утрешното празнување на христијанскиот празник „Св. Јован Крстител“.

Новиот параклис е лоциран на паркингот кај новиот комплекс згради позади поштата во Кочани, чииј ктитор е стопанственикот, Горги Горгиевски и компанијата Деликатес Кочани.

Чинот на осветување го изврши Митрополитот Брегалнички Иларион во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија од кочанското архиерејско намесништво.

Со молитви кон светителот и палење на свеќи верниците од целиот град посакаа здравје и бериќет за себе и своите фамилии.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов

