Деновиве сме сведоци дека социјал-демократите водат една лажна и нереална кампања со многу лажни изјави и дискредитации.
На пример, последната објава што беше потпишана од ОО на СДСМ, вели дека СДСМ направи повеќе инвестиции во изминатите три години отколку ние во претходните десет. Само за пример, во последните три години во Кочани нема никакви инвестиции во спортската инфраструктура. Да ве потсетам што се беше направено во последните десет години во спортската инфраструктура во градот и општината: повеќенаменско игралиште „Александар Македонски“ на улицата „Скопска“, повеќенаменско игралиште „Горанчо Стојов – Вајчо“ во Сиви дом, повеќенаменско игралиште во Трајаново трло и на локалитетот „АСНОМ“, кое што за жал е целосно запуштено. Потоа, фитнес центар во рамки на спортскиот локалитет „Бавчалук“, училишни спортски сали во ОУ „Никола Карев“ во Кочани и во училиштето во Оризари. Во оваа населба е изградено и повеќенаменско игралиште.
И во новата програма што ја понудивме на граѓаните насловена „Обнова на Македонија“, спортот зазема многу значајно место. Предвидени се многу проекти, а можеби најважен е спортскиот денар.
Спортскиот денар значи дека се залагаме за издвојување на еден денар од акцизата за нафтени деривати, еден денар кој што ќе биде наменет за потребите на спортот, спортската инфраструктура и за потребите на спортската наука во Република Македонија. Спортската нација е здрава нација.
Ви благодарам,
Миле Лефков
Кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалиција за Обнова на Македонија