Почитувани сограѓани,
Изминатиот период сите сме сведоци на бројни постови, пресови и изјави од страна на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани кои се во основа лажни, неточни и лукративно ја искривуваат вистината.
Имаме разбирање за нивните „анализи“ кои го прикажуваат огромниот страв од реализираните проекти во последните две и пол години, период кога градоначалник на Општина Кочани е Николчо Илијев, а централната власт предводена од СДСМ!
Она што е реализирано во овој период наспроти двата мандати на нивното локално владеење покажува чесен и одговорен приод во работата, целосно поинаков од нивното расипничкото, криминално и корумпирано владеење.
Светилките во Трговскиот центар им ги оставаме тие да ги бројат, а ние секој ден ќе ги потсетуваме колку е урбан и поубав овој простор.
Секој ден можеме да правиме прес-конференции на новоасфалтираните или реконструирани улици – тие се повеќе од светилките од Трговскиот.
Стоиме исправени пред големи проекти кои говорат за залагањата на оваа власт предводена од СДСМ за подобрување на квалитетот и стандардите на живеење во секоја сегмент!
Да потсетиме:
- Во делот на социјалата – нова градинка и одобрени средства од Владата за решавање на прашањето на домување на жителите во Старата касарна;
- Во културата: реконструиран Центар за култура – реконструкција на Мултикултурниот центар;
- Во делот на туризмот, спортот и рекреацијата: развој на Пониква – изградба на планинарски дом, реконструкција на ски-лифтовите, велосипедски патеки;
- Во делот на образованието: Сите училишта ги извадивме од неподносливите долгови и услови за работа – поради што имаа забрана за работа од санитарната инспекција. Сите се без долгови и реконструирани.
Нивните дубиози се непресушна инспирација за прес-конференции. Истовремено го отсликуваат нивниот страв од резултатите кои се очигледни пред граѓаните – резултати кои се добиваат кога се сака општината и се работи за доброто на сите граѓани!
Заедно можеме да градиме општество за сите!
Заедно можеме многу повеќе!
Ви благодарам!