МВР отвори бесплатна линија на која сите граѓани можат да се информираат за сите активности од ингеренции на Министерството, а кои се поврзани со постапувањето на МВР во врска со спречување на ширењето на коронавирусот.
Телефонскиот број е 0800 00201, работи 24 часа, седум дена во неделата. Бројот е на два јазика, на македонски и албански јазик.
Отворена е и мејл адресата на Министерството mvrinformaciiuslugi@mojgov.mk, за поставување прашања или пријавување случаи за непочитување на инструкциите и одлуките на Владата во врска со справувањето со коронавирусот.