Промовирано делото афоризми „Мисли без крлушки“ од Атанас Крлевски

Во ЈОУ библиотека „Искра“ вечерва се одржа промоција на книгата афоризми „Мисли без крлушки“, осмо дело на авторот  Атанас Крлевски од Велес.

-„ Вечерва сме гости во библиотеката „Искра“ во Кочани каде  ја промовирам мојата осма книга афоризми „Мисли без  крлушки“. Книгата содржи околу петстотини афоризми, поделени во три циклуси, за човекот, за жената и сатиричен циклус од политиката. Инспирацијата ја наоѓам во животот, јас сум набљудувач на животот и токму така и ги пишувам афоризмите, ги запишувам од самите настани и случки.“  рече Атанас Крлевски автор на делото.

На промоцијата за животот и делото на авторот говореше Славица Цветкова, а публиката имаше можност да слушне дел од афоризмите од книгата, како и да ужива во музичката точка на гитаристката Викторија Захариева.

Покрај авторот на промоцијата зборуваше и промоторот на делото Јане Атанасов како и рецензентот Ацо Ѓоргиев.  Настанот беше во организација  на Афористичката репрезентација на Македонија.

И.Матеничарски

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial