Расчистена тешка кражба на дрзок начин во Кочани

Во Кочани, вчера од страна на полициски службеници од ОВР Кочани е лишен од слобода Р.А.(21) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.

Според информациите од СВР Штип „На 08.07.2021, по преземени мерки и активности полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани го лишија од слобода Р.А.(21) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“ извршна на 07.07.2021 околу 12.00 часот од куќа на ул.„Евлија Челебија“ во Кочани, од каде одзел пари, накит и други предмети. Дел од украдените предмети се обезбедени и ќе бидат вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против Р.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава„, стои во соопштението на полицијата.

Извор: Дневен билтен на СВР Штип

Сподели: