Реми за „Осогово“ на стартот од вториот дел од сезоната во ВМФЛ – Исток

Реми за ГФК „Осогово“ на стартот од пролетниот дел од натпреварувањето во Втората Македонска фудбалска лига – Исток.

Со конечен резултат од 1-1, фудбалерите на „Осогово“ и „Каменица Саса“ си ги поделија бодовите од регионалното дерби, во рамки на 17-тото коло од ВФМЛ-Исток што се одигра денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани.

Натпреварот го отворија каменичани кои пред крајот на првото полувреме постигнаа гол од пенал, за водство од 0-1 ( Гоцевски, 43’). Изедначувачкиот погодок го постигна новото засилување на „Осогово“, Истатов кој во 70’ стрелаше за конечен резултат од 1-1.

Со ремито „Осогово“ се искачи на шестата позиција во Втората лига – Исток.

Во следното коло „Осогово“  гостува на екипата на „Плачковица“ од Радовиш.

На останатите средби беа постигнати следниве резултати:

Табела:

Сподели: