Од денес започна со работа новоотворената самопослужна автоперална „Pit Stop“, на втора локација во градот .
На простор од околу 100 квадратни метри, со два бокса за возила имате можност да го исперете вашиот автомобил за само 7 минути, 70 денари и 7 дена во неделата, со најдобрите производи за нега на автомобили од германскиот бренд „SONAX“. Исто така во автопералната на располагање ви стои и правосмукалка која можете да ја користите 6 минути со доплата од 30 денари.
По повод отворањето и празникот на жената 8-ми Март, припадничките на понежниот пол имаа бесплатно промотивно перење на своите автомобили, а од „Pit Stop“ во чест на празникот им подаруваа цвеќе.
Ова е втора самопослужна автоперална на „Pit Stop во градот, а истата се наоѓа на улицата „Страшо Ербапче“, во близина на болницата во Кочани.
И.Матеничарски