СВР Штип: Земјоделците да преземат превентивни мерки за заштита од пожари на отворен простор

По повод претстојните земјоделски активности, сезоната за жетва на оризот, Секторот за внатрешни работи Штип, апелира до граѓаните од општините на подрачјето на СВР Штип да ги преземат сите превентивни мерки за заштита од пожари на отворен простор.

Од страна на Отсекот за превенција при СВР Штип во соработка со надлежните институции ќе се преземат превентивни мерки и активности за заштита од пожари на отворен простор, со непосредно присуство на терен на униформирани полициски службеници и претставници на надлежните институции, при што со едукација ќе се запознават граѓаните за преземање на превентивни мерки.

Палењето оган на отворен простор, претставува прекршок каде казната е парична но доколку поради небрежност од тој оган се предизвика шумски пожар претставува кривично дело каде казната е затвор од три години до пет години.

До колку граѓаните имаат потреба да пријават одреден безбедносен настан тоа можат да го сторат со повикување на бесплатниот телефонски број 192.

Сподели: