101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев. Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.
Алат
Меѓу Тодор Ѓ. и Фимка (книговодителката)
Пишува: Доне Донев
На професорот Тодор му се раѓа второ дете – машко и ги почестува колегите и колешките, па потем и техничкиот персонал. Влегува сиот радосен и кажува оти првото е женско, а еве сега дал Бог и
машко, па сега исполнета обврската. На ова Фимка реагира:
- Тодоре, ти си го исполни планот и сега „алатот“ го фрли на таванот.
- Деј мори Фимко, јас три дена го криев и едвај, едвај успеав да го скријам, а ти си ми го нашла, ај со здравје да се служиш – й врати Тодор./крај
Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.
Адаптација: А.Арсов