Поставено лед осветлување во Спортската сала и училишната зграда во ОУ „Св.Кирил и Методиј“

Целосно е променето осветлувањето во Спортската сала и во училишната зграда во ОУ „Св.Кирил и Методиј“ – Кочани со нови ЛЕД светилки, а дополнително набавена е и нова информатичка опрема за потребите на училиштето и учениците, информираше денеска пред медиумите, директорот на основното училиште „Св.Кирил и Методиј“, Даниел Кралев.

Во текот на изминатиот период во училиштето се спроведоа низа на активности за подобрување на условите за учење и работа.

-Во текот на изминатите два месеци во ОУ,,Св.Кирил и Методиј“ од Кочани во целост беше заменето старото и неефикасно осветлување во Спортската сала , со нови поекономични лед светилки , а воедно се санираа и оштетувањата на голем дел од ѕидната површина во спортската сала , со што оваа сала во овој момент доби сосема нов лик. Исто така, во текот на изминатите два месеци во целост беше заменето и осветлувањето во зградата на централното училиште во Кочани – истакна Даниел Кралев, директор на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани.


Во училишната зграда заменети се и внатрешните врати на сите простории во училиштето.

„Набавени и заменети се вкупно 32 врати во училиштето, бидејки старите врати беа од самото постоење на училиштето и веќе беа дотраени, односно видно оштетени и нефункционални“, додаде Кралев.


Во текот на изминатиот период училиштето се доопреми и со нова информатичка опрема . Станува збор за нови персонални и лаптоп компјутери, мултифункцонални принтери и ЛЦД проектори како и останати наставни средства и помагала.

Во училиниците поставени се 12 магнетни табли, дополнителни интерактривни табли со кои во голема мера ќе се подобри наставно-образовниот процес во училиштето.
Сите набавкки се направени со сопствени средства, обезбедени од буџетот на училиштето.


Од ОУ „Св.Кирил и Методиј“ информираат дека во следниот период предвидени се и други активности се со цел подобрување на наставниот и образовниот процес во училиштето.

Сподели: