На првоаприлско дефиле во дворот на ОУ „Малина Попиванова“ одбележан Меѓународниот ден на шегата, 1 Април

На првоаприлско дефиле, во дворот на ОУ „Малина Попиванова“ – Кочани, учениците од прво до третто одделение заедно со своите наставнички традиционално го одбележаа Денот на шегата, 1 Април.

Под маските на своите херои, доктори, полицајци, кловнови, принцези и јунаци од цртаните филмови, со почитување на мерките за заштита од Ковид -19 учениците за момент се навратија на деновите кога Денот на шегата се одбележуваше на поинаков начин.

-Денешново дефиле е мала активност на училиштето, со цел да ги повратиме спомените на децата за тоа како го прославувавме 1 Април низ годините. Насмевките на учениците за момент не вратија во минатото, кога одбележувањето на Денот на шегата беше на сосема поинаков начин. Учениците уживаа под своите маски на отворено, секако со почитување на Ковид -19 протоколите, истакна Благој Петров, директор на ОУ „Малина Попиванова“ – Кочани.

Централната манифестација што низ годините се организираше во Градскиот парк изостана и оваа година, со надеж дека следниот 1 Април, улиците на Кочани повторно ќе бидат преплавени со маскирани ученици од сите училишта.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: