,,Амфенол Технолоџи Македонија” денес пошумуваше опожарени површини во околината на Кочани.

Во месноста ,,Пресечена скала” педесетина административци и менаџери, заедно со директорот Сашко Наков, засадија 3000 садници багремова шума.

Акцијата за пошумување беше реализирана во соработка со јавното претпријатие ,,Македонски шуми” Подрачна единица – Кочани.

Акциите за пошумување ,,Амфенол” самоиницијативно ги спроведува секоја година, со цел да се помогне во обновувањето на шумскиот фонд во Кочанскиот регион и да се остави нешто вредно и за идните генерации.

По еден садник од секој вработен – за Кочани од ,,Амфенол Технолоџи Македонија”. За поздрава и поубава животна средина.