71-годишен маж загина во тешка сообраќајка кај с. Кучичино

На магистралниот пат Штип-Кочани, во близина на крстосница за с.Кучичино, во неделата вечерта околу 21,30 часот се случила сообраќајна незгодамеѓу патничко возило „фолксваген поло“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.З.(71) од Радовиш и патничко возило „форд фокус“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(29) од Штип.

С.З. починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, додека Н.Р. се здобил со повреди и бил пренесен во Здравствена установа Кочани, посочуваат од МВР.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Кочани.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial