Во преполната сала на НУЦК „Бели Мугри“ вечерва во Кочани премиерно беше одиграна театарската претстава „Тунел“.


Претставата која имаше донаторски карактер се реализираше под покровителство на Ротари Клуб Кочани-Виница во соработка со Општина Кочани, Фондацијата за регионален развој – Штип и Ротари клуб Штип, и истата е зародиш на проект кој треба да вроди со оформување на Драмска академија во Кочани.

– По својата премиера, претстава ќе биде и единствен претставник на нашиот град на јубилејниот 60 – ти Драмски Аматерски Фестивал на кој нашиот град е домаќин. Преставата има Донаторски карактер и сите собрани средства од истата ќе бидат употребени за оформување на Драмската аматерска академија во нашиот град која треба да продуцира идни актери во Кочани и Виница. Идејата е професионалци да работат со младите таленти и успешно да изградат свои колеги, истакна Сашко Андонов, претседател на Ротари клуб „Кочани – Виница“.

Претставата е во режија на Кристина Атанасова Арсова, инспициент Зорица Митева и театарска игра на талентирани глумци аматери од Кочани, Анастасија Михаилова, Љупка Јорданова, Надалина Грозданова, Кристијан Арсов, Бранко Јорданов, Драгана Анастасовска, Иван Арсов, Маја Петрова, Лина Крстова, Матеј Беличев и Благица Иванова.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов






