Д-р Владко Грозданов е нов градоначалник на Кочани

Д-р Владко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ е нов градоначалник на Кочани кој со разлика од 1454 гласа го победи независниот кандидат за градоначалник Венко Крстевски во вториот круг од Локалните избори во Кочани.


Д-р Грозданов освои 7369 гласови или 52,71 отсто од гласовите, додека Крстевски освои 5914, односно 42,31 отсто гласови.


Новиот градоначалник на Кочани, д-р Владко Грозданов во објава на социјалните мрежи се заблагодари за довербата и вети чесна работа од првиот до последниот ден.

– Драги мои сограѓани, чест ми е да ви се обратам исполнет со посебно чувство на одговорност и искрена благодарност.Благодарност за вашата доверба, која ми ја дадовте со вашиот глас и којашто за мене не е само победа, туку драга народна задача.
Како што ветив, ќе работиме со чист образ од првиот до последниот ден.
Ви благодарам што верувавте во мене и во нашата заедничка визија. Време е за неуморна работа за да сплотени го оствариме заслужениот сјај и развој на Кочани, напиша Грозданов

Во Кочани на вториот круг од Локалните избори гласаа 13.979 гласачи или 43.01 отсто од избирачите. Евидентирани се 697 неважечки ливчиња.

И. Матеничарски

Сподели: