Училиштето за цртање и сликање при НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани учествуваше на Републичката младинска ликовна средба „Цвеќе 2022“ што се одржа во Струмица.

Училиштето освои две први места на ликовната средба за најдобар цртеж на ликовен перформанс и освоена прва награда за најдобар цртеж на изложбата.

„Честитки за прва награда најдобар цртеж на ликовен перформанс до сите членови на училиштето за цртање и сликање НУЦК „Бели Мугри’ – Кочани и за освоена прва награда за најдобар цртеж од изложбата „Цвеќе“ на талентираната Натали Лазарова. Настанот беше организиран од страна на Дом за деца и млади „Благој Мучето“ – Струмица. Благодарност до целиот тим на чело со директроката Светлана Мазгаловска Вучетиќ.“
Училиште за цртање и сликање при НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани






