Преку превентивни здравствени прегледи одбележан Светскиот ден на борба против мозочниот удар

Здружението на невролози на Репубика Македонија по повод 29 Октомври, Светскиот ден на борба против мозочниот удар спроведе бесплатни здравствено – превентивни прегледи на населението во Кочани.


На медицинскиот пункт во кругот на Општата болница со проширена дејност – Кочани на заинтересираните граѓани им беше мерен крвниот притисок и гликемијата во крвта кои се најголеми ризик фактори за настанување на состојба на мозочен удар.


– На медицинскиот пункт граѓаните освен лекарските прегледи преку мерење на крвен притисок  и гликемија , пациентите се запознаваат и со ризик факторите и симптомите кои се појавуваат пред настанување на состојба на мозочен удар. Здравствените прегледи имаат цел да превенираат можен мозочен удар. Воедно, на пациентите им даваме лекарски совети за заштита од мозочен удар, истакна Д-р Маја Шоповска Китанова, доктор специјалист по невролгија.

Лекарските прегледи ги спроведоа Д-р Маја Шоповска Китанова и Д-р Кристина Серафимова со поддршка на екипа од Невролошкиот тим на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани.

Како што беше истанато најголем ризик за мозочен удар имаат лицата со висок крвен притисок, срцева болест, шеќерна болест, а како ризик фактори е јавуваат и пушењето цигари, високиот холестерол, физичката неактивност, нездравата исхрана и стресот. Раното откривање на симптомите од кои настанува мозочниот удар доведуваат до негово спречување во појавување и поголема ефикасност во третманот на состојбата.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели: