Во Кочани се возеше ридско-брзинската трка „Пониква 2“

На патеката кон Пониква попладнево се возеше втората трка од Државниот шампионат во автомобилизам на Македонија.

На ридско-брзинската трка учествуваа 12 автомобилисти распоредени во пет натпреварувачки класи од пет авто-клубови од Македонија како и гости од Р. Полска. Подготвеноста на патеката беше на високо ниво, а се возеше од Градската депонија до месноста „Пашаџиково“, на патека долга 5,91 км.

Во рамки на натпреварувањето  се возеа две трки кои се бодува за Државното првенство на Македонија во автомобилизам на ридски патеки и за ФИА Централна Европска зона.

На ридско-брзинската трка учествуваа двајца натпреварувачи од Кочани, автомобилистот Дејан Манасиев со возилото „Рено Клио“  од авто-клубот АКК„Перформанс“-Скопје и Донче Иванов од клубот „Фичо-600“ , со возилото „ Застава Југо“.

Манасиев во категоријата Е1 до 2000 кубни сантиметри патеката ја помина за 03:50:52′ стотинки, додека Иванов во категоријата Е1 до 1400 кубни сантиметри извози за време од 03:50:52′.

Резултати од ридско-брзинската трка:

Најдобар пласман на натпреварувањето имаше полјакот Грзегорз Дуда кој патеката ја помина за време од 03:28:70′.

Трката беше  во организација на АКК„Перформанс“-Скопје, со поддршка на Автомобилистичката федерација на Македонија.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Целата галерија погледнете ја ОВДЕ.

Сподели: