Механизација на градежната фирма „Бетон“ денеска започна со асфалтирање на патниот правец од Оризари до Добра Вода. Трасата е во должина од 2 километри и ширина од 3.5 метри на која се изградени 11 пропусти за вода.
Изведувачот на работите планира асфалтирањето да заврши до недела, по што ќе се постави соодветна информативна и патна сигнализација.
Изградба на патниот правец е со проект на Центарот за развој на Источниот плански регион, а средствата се одобрени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Паралелно на ова се работи и на реконструкција на дел од улицата „9-ти мај“ на која ќе се постави нов асфалт, а се бетонира и крак од улицата „Стамен Манов“ во Ромското маало.