Во НУЦК „Бели мугри“ Кочани на 26 март 2026 г. ќе биде отворена самостојната изложба на уметницата Ана Митевска насловена „Надеж – светлина во темнината“. Куратор на изложбата е Јасминка Намичева, кустос советник.


Изложбата ги обединува сликарството, звукот и пораката на надежта, преку серија апстрактни дела создадени во последните две години.
Отварањето на изложбата е закажано за 26.03.2026 година ( четврток ), во 19 часот во Салон „ Фоаје 2“.
Изложбата е дел од проектот „Преземање изложби за 2026 година“ кој е финансиран од Министерството за култура и туризам.



