Во Кочани денеска се очекува облачно и дождливо време во текот на целиот ден, со температури од 4 до 7 степени.

Ветерот ќе биде умерен, повремено засилен, што ќе го засили чувството на студ.
Поради најавените врнежи, расте опасноста од ново зголемување на водостоите на реките и езерата, како и од појава на нови локални поплави. Се апелира особено до возачите да бидат внимателни, да избегнуваат близина на водотеци и внимателно да го планираат движењето.
Поради пообилните врнежи активирано е портокалово предупредување од врнежи во целата држава.



