Одржано редовното Годишно Собрание на ОФС – Кочани

Општинскиот фудбалски сојуз – Кочани вчера во големата сала на Мултикултурниот центар го одржа редовното Годишно Собрание на делегатите на фудбалскиот сојуз.

На редовното Годишно Собрание присуствуваа вкупно 19 делегати од фудбалски клубови од регионот како и претставници од Фудбалската федерација на Македонија.

Се расправаше по шест точки на дневниот ред. На средбата беше усвоена Годишната сметка за работа на ОФС – Кочани, а извештај за работата на фудбалскиот сојуз пред присутните делегати даде Александар Андов, претседател на ОФС – Кочани.

Меѓудругото на состанокот беше усвоен и деловникот за работа на Собранието, избор на работни тела и усвојување на записникот од редовното Генерално изборно Собрание одржано на 15.12.2021 година на ОФС Кочани.

И. Матеничарски

Сподели: