Високата трева привлече змии во тревникот покрај Кочанска Река

До интернет-порталот „Гласно“ пристигна реакција за рубриката „Гласно репортер“ во која граѓанин реагира на неодржувањето на тревните површини покрај коритото на Кочанска Река поради што се појавиле змии.


Во дописот што ви го пренесуваме во целост стои: „Поради променливото време во изминатата седмица, а пред се поради врнежите од дожд, тревата во Кочанска река расте забрзано. Надлежните од КЈП „Водовод“ подолго време немаат влезено во реката за да ја искосат израснатата трева. Ние граѓаните бараме поажурно да си ја работат својата работа за која се дебело платени од сметките кои ги плаќаме за вода и комунални услуги. 


Во претходните денови имаме забележано повеќе змии во тревата и цевките за канализација во реката кои преставуваат опасност за минувачите поради големата трева која на некои места достигнува и до самиот тротоар и истите можат непречено да излезат во Градскиот парк и шеталиштето каде што си играат мали деца. Се надеваме дека одговорните во „Водовод“ заедно со директорот ќе излезат на терен и ќе започнат да си ја работат работата за да не биде доцна ако се случи некој немил настан“, се вели во писмена реакција.

Сподели: