“Во сеќавање” – комеморација во чест на загинатите во кочанската трагедија

Под наслов “Во сеќавање”  во големата сала при НУЦК “Бели мугри”, во рамки на Петровденската програма се одржа комеморација за загинатите во пожарот во „Пулс“ во Кочани.


На настан полн со емоции, во присуство на родителите и граѓани им беше оддадена почит на загинатите млади родум од Кочани, Оризари и Чешиново-Облешево, како и на возачот на Итната медицинска помош во Кочани, кој почина непосредно по извршувањето на работните обврски поврзани со трагедијата од 16 март 2025 г.


Преку фотографии и текст во нивна чест, актерката Наталија Теодосиева прочита дел од нивната биографија.

Свое поетско излагање на настанот имаше и Живко Гроздановски претседателот на Друштвото на писатаели на Македонија. Инструментален настап на гитара изведе музичарот Дејан Лазаров.

Во чест на загинатите беа пуштени 63 бели балони со испишани имиња на трагично загинатите млади во кочанската трагедија.

Одбележувањето на Петровден како празник на Кочани годинава го носи незаборавот за прекинатата младост во трагедијата во „Пулс“.

Настанот го организираше Општина Кочани со поддршка од Општинската организација на Црвен крст – Кочани.

Сподели: