На пригодна свеченост во салата на Советот на Општина Кочани во Мултикултурниот центар денеска беа врачени уверенијата на новиот градоначалник на Кочани, Владко Грозданов и на членови на Советот на Општина Кочани кои ги добија мандатите од граѓаните на последните локални избори.


Претседателката на Општинската изборна комисија, Билјана Димовска Гичева упати честитки на новоизбраниот градоначалник и членови на Советот на општината при што посака успех во работата, псоветено и одговорно извршување на избраните функции со дела за Кочани и граѓаните со кои ќе се гордееме.

-Во името на Општинската избирна комисија и во мое лично име ми прерставува особена чест што денес севечено ги доделуване уверенијата на новоизбраниот градоначалник и членови на Советот на Општина Кочани. Со ова го заокружуваме изборниот процес и ја потврдуваме волјата на граѓаните изразена на демоктатски и транспарентен начин, соопшти Димовска Гичева.


Новиот советнички состав брои 19 советници од кои осум од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Андов, Лазо Митев, Марија Ананијева, Александра Соколова, Љубчо Ѓорѓиевски, Петар Медарски, Милена Јанева и Гоце Димитров, независната советничка листа – група избирачи, Благица Сабовлевиќ Стоименова, Никола Крстев, Иван Мишев и Филип Цветанов, од СДСМ и коалицијата, Александра Коцева, Ивица Лазаров и Сашко Иванов. Независната листа – група избирачи, Влатко Здравков и Мануела Саидова, од Движењето ЗНАМ, Суад Мехмед и група избирачи, Аќи Акиов.


Во 12 ч. во општинската зграда ќе се изврши примопредавање на градоначалничката функција од досегашниот в.д градоначалник Венко Крстевски на новоизбраниот градоначалник, Владко Грозданов.






