В сабота во 17:05 ч. протестен „Марш за ангелите“ во Кочани

В сабота, 06 септември 2025 година во Кочани ќе се одржи 21. „Марш за ангелите“ на семејствата на починатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“.


Протестниот марш ќе започне од 17:05 ч. од Паркот на револуцијата во Кочани, време кое симболично ја претставува задоцнетата институционална реакција.


Ќе маршираат за правда за своите деца по предвидената маршута, од Паркот на револуцијата во Кочани, преку Трговскиот центар и зградата на Општина Кочани откаде ќе се упатат кон полициската станица и пред зградата на основниот суд и обвинителство во Кочани.

Сподели: