В сабота, 15 мај 2021 г. – изменет сообраќаен режим на улицата „Стево Теодосиевски“

Поради уривање на дел од старите градби, в сабота, на 15 мај 2021 г., во периодот од 8 до 16 ч., ќе биде затворена за сообраќај улицата „Стево Теодосиевски“, поранешна „Ленинова“.

Сообраќајот ќе биде запрен на потегот од крстосницата кај Двојниот мост во централното градско подрачје, до крстосницата кај Стришани.

Општинските служби ги известуваат сопствениците на дуќаните што се наоѓаат на оваа локација да го организираат дотурот на стока најдоцна до 8 часот наутро и по 16 часот.

За време на изведувањето на градежните работи, сообраќајот ќе биде пренасочуван во неколку правци.

Сподели: