Градоначалникот на Виница учесник на Меѓународната конференција Урбана алијанса „Патот на свилата“ во Кина

Градоначалникот на Општина Виница Ивица Димитров викендов учествуваше на  Меѓународната конференција Урбана алијанса „Патот на свилата“ , што се оддржа во градот Ангангјаџие Кина.

На тема “Дијалог за еколошка конзервација, решение за заеднички урбан развој“ учесниците дебатираа на теми поврзани со промовирање и поврзување, споделување придобивки, културна и трговска соработка како и  пријателски односи меѓу градовите-членки.

На конференцијата присувствуваа преку 200 делегати од целиот свет од областа на туризмот и развојот, меѓународни туристички организации, претпријатија како и научници и експерти.

Конференцијата претставува совршено место за стекнување нови искуства, можност да се види функционирањето на други општини во светот како и промоција на градот Виница.

Сподели: