Почитувани сограѓани,
денес започнува предизборната кампања за едни од најважните градоначалнички избори во историјата на Кочани.
Пред некој ден со моите противкандати потпишавме Кодекс, си подадовме рака и ветувам дека овие избори ќе бидат едни од најкоректните, најфер и најмирните градоначалнички избори досега.
Нашата кампања нема да биде заснована на секојдневно малтертирање на луѓето по социјалните мрежи, нема да биде заснована на долги говори и ветувања, туку ќе биде заснована на комуникација со луѓето, ќе е исклучиво на терен, ќе бараме идеи од граѓаните да ги вметнеме во нашата програма, нотирање на проблемите и ќе бараме заедничко решение за нив.

Кочани како место во кое сите се познаваат, претпоставувам граѓаните веќе го имаат изготвено своето мислење за кој ќе ја дадат својата поддршка, најдобра кампања е од човек на човек, од уста на уста. Ние ќе се базираме на таа кампања, така имаме замислено и друго што така во моментот налага ситуацијата во Кочани.
Градоначалничкото столче за некој е доблест, гордост, моќ, но за мене е одговорност, доверба која ти ја дава народот и доверба базирана на чист образ, најважно е по завршување на минливиот мандат, чистиот образ да остане неизвалкан.
Во животот некои работи не се купуваат со пари, исто е и со градоначалнилкото столче. Во случај да биде купено ќе е на стаклени ногарки и брзо кршливо.

Гарантираме мирна, фер и коректна кампања, ќе го почитуваме исклучиво мислењето на народот, нека биде волјата на народот и нека победи најдобриот кандидат.
Владко Грозданов – кандидат за градоначалник на Општина Кочани од ВМРО-ДПМНЕ


