Еразмус + програмата презентирана пред претставници на основните и средни училишта од Кочани

Претставници на средните и основни училишта од Кочани учествуваа на промотивна Еразмус презентација за запознавање со можностите за учество и аплицирање во проекти на програмата, во рамки на одбележување на деновите на Еразмус + програмата.


-По повод  одбележување на Еразмус  деновите кои се организираат во нашата земја, СОУ „Љупчо Сантов“  како директен учесник во проектите,  ја имаш  можноста да биде домаќин на две кратки презентации кои се однесуваат на Еразмус акциите во кои може да се аплицира. Целта на настанот е презентација, дискусија и остварување на контакти за понатамошна соработка. На настанот учествуваа околу 30 претставници од средните и основните училишта, претставници од градинките  на ниво на Општина Кочани со цел едукација на полето на креирање на Еразмус проекти, истанкаа од СОУ „Љупчо Сантов“.


Настанот се реализираше во соработка со Сојузот на истражувачи на Македонија (СИМ), а информативните сесии ги водеа проф. Д-р Билјана Јолевска – Туневска и доц. Д-р Лимонка Коцева Лазарова.

Соопштение за медиумите од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани

Сподели: