СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани и Здружението за поддршка на економскиот развој – Локална акциона група – Кочани (ЗПЕР – ЛАГ Кочани) денеска во Кочани одржаа настан за дисеминација на резултатите од проектот „Имплементирање на едукативен модул базиран на виртуелна реалност во средните училишта“ фиинансиран од ЕУ програмата Еразмус +.


На настанот присуствуваа локални претставници на заинтересирани субјекти чија дејност е поврзана со воспитно – образовните процеси, односно креатори на локални политики и невладиниот сектор.

На завршниот настан пред присутните беа презентирани реализираните проектни активности, постигнати проектни резултати и креирани интелектуални продукти. Настанот го отвори в.д директорот на СОУ „Љупчо Сантов“, Љубомир Гацов.
Свое обраќање околу реализираните проектни активности и краток осврт даде Сања Божиновска, професорка од кочанската гимназија. Беше презентиран изработениот прирачник за наставници и Документ за транснационално стратешко партнерство, а осврт на проектот даде и Марија Величкова од ЗПЕР – ЛАГ Кочани.

Најдобриот тим на ученици од гимназијата „Љупчо Сантов“ пред присутните ги презентираше реализираните проектни активности и постигнати резултати.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов




