Независниот кандидат за градоначалник на Кочани, Зоран Тодоров денеска одржа прес-конференција за медиумите на која претстави проекти од витално значење за руралните средини во општината.

Акцент стави на јавниот превоз во селата Горни и Долни Подлог, Мојанци и Прибачево, во делот на образованието, патниот правец кон Крушка и сообраќајно поврзување на Пантелеј со Лесново.

-Јавниот превоз во селата Горни и Долни Подлог, Мојанци и Прибачево е проблем, населението е дискриминирано поради недостаток на градски првоз. Тоа се решава со формирање на јавно претпријатие за градски превоз или преку набавување на еколошки елекрични автобуси. Второ образованието, училиштата во селата кои треба да имаат иновативни решенија за греење исто како и еднакви услови за школување како децата во централното градско подрачје. Третата работа што сакам да ја споделам со жителите од полските села е заштитата од поплави. Освен регуларното чистење на каналите што е задача на АД „Водостопанство Брегалница“ Кочани поддршка ќе даде и локаната самоуправа. Освен овие работи, би сакал да додадам дека ќе биде реконструиран и почетокот на патниот правец кон Крушка и Костин Дол, соопшти Тодоров.
Тодоров додаде дека остро ќе се спротистави на уништувањето на шумите од нелегалната сеча во Осоговските села како и развој на руралниот туризам во тој крај преку европски фондови.
-Мораме да ги поврземе селата Пантелеј со Лесново за да можеме двата манастира да ги ставиме во една иста рута кога се работи за верскиот туризам. Исто така ќе се залагаме за вклучување во Општината како ќе се наводнува и што ќе се сее во нашето поле во иднина. Загарантираната цена на оризот, вклучување на општината во преговорите за стоковите резерви за ориз. Општина Кочани мора да почне да се грижи подеднакво за сите граѓани, особено и за жителите во руралните средини, заврши Тодоров.



