Зоран Тодоров од „Сакам живот во Кочани“ најави проекти за противпожарна заштита на граѓаните

Деновиве се наметна темата којашто сакавме да ја опфатиме во нашата програма – зашитата од пожар. На темата противпожарна заштита имаме сеопфатни решенија, план и програма за решавање. Ги пофалувам сите здруженија коишто самоиницијативно работат на темава, ДПД – Кочани, Ротари клубот „Кочани-Виница“, „Сапорт Кочани“ и сите други кои без надомест работат за подобрување на условите во Кочани за што им се заблагодарувам.


Како прво, дел од проектот „Безбеден град“, сензори против пожар во сите јавни објекти и на места кои се клучни кадешто очекуваме и е можно да се појави пожар. Не само во објектите туку и во околината на градот и терманлни камери кои ќе имаат автоматско алармирање за почеток на пожар и ќе може да се алармира кај пожарникарите.


Второ сакаме да најдеме простор за да направиме Регионален центар за тренинг на пожарникарите, знаејки дека нашите  пожарникари и доброволци имаат големо искуство во тој дел и мислам дека општината треба да обезбеди место каде ќе можат да се обучуваат.

Третата работа е сите училишта да ги обезбедиме со адекватни услови за заштита од пожар. Од сензори, хидранти и се друго што е потребно за децата да бидат безбедни во училиштата. Битно е да се направи и предмет преку  кој ќе се запознаат со начинот на справување со пожари. Ќе ја адаптираме и водоводната мрежа за поставување хидранти низ градот онаму кадешто нема. На пазарот, Градскиот трговски центар и други објекти да се постави поширока хидрантска мрежа за поголема безбедност. Потребно е да се купат дронови кои ќе детектираат пожари. Да се зголеми капацитетот на нашата пожарна не само со кадри за вработување бидејки недостасуваат туку и со опрема, би ги замолиле соседните општини да предложат по двајца вработени кои ќе ги финансираат од своите Буџети за нашата пожарна.

Четвртата работа е адекватно соработување со сите фондови, фондации и странски партенери за набавка на нови возила, опрема и иновативни решенија заедно со нашите пожарникари херои.

Зоран Тодоров, независен кандидат за градоначалник на Кочани

Сподели: