Излезе од печат делото “Кочански автори преведени на странски јазици” од роднокрајната авторка Розета Петрова.

Деновиве од печат излезе книгата “Кочански автори преведени на странски јазици” од роднокрајната авторка Розета Петрова.


Ова е нејзина втора книга која излегува од печат во која ги има поместено роднокрајните автори чии дела се преведувани на англиски, српски, словенечки, турски, италијански, хрватски, црногорски, полски…


Создавањето на ова дело претставува истражувачка дејност каде се поместени сите кочански автори кои од 1945 година па се до денес се преведени на други јазици меѓу кои се: Србо Ивановски, Киро Герасимов, Љубинка Донева, Бранко Пендовски, Александар Алексиев, Димитар Гогов, Ленче Стојменова и други.

Со овој истажувачки материјал ќе се остави траен белег во културната историја на Кочани, во делот на литературата. Истиот овој труд ќе биде повод за нови научни истражувања.

Книгата е отпечатена со финансиска поддршка на Општина Кочани како дел од програмата за култура за 2022 година. Како издавач се јавува Европа 92 од Кочани, лектор на истата е м-р Љубинка Ајтовска и истата е отпечатена во 75 примероци.

Сподели: