Според Државната изборна комисија, во Кочани до 17 ч. на гласање излегле 11.588 гласачи или 35,7 отсто од избирачите.


На Локалните избори во 2021 во Кочани до 17 ч. излегоа 13.050 гласачи, односно 39,63 отсто од запишаните избирачи, а сега бројката е 11.588, што е помалку за 1.462 гласови.

Излезност на гласачи на Локални избори 2025 во Кочани
до 09 ч. – 2.96 отсто, гласале 960 граѓани
до 11 ч. – 9.91 отсто, гласале 3.215 граѓани
до 13ч. – 20.13 отсто, гласале 6.530 граѓани
до 15ч. – 28.56 отсто, гласале 9.266 граѓани
до 17ч. – 35.7 отсто, гласале 11.588
Излезност на гласачи на Локални избори 2021 во Кочани
до 9 ч. 3,45 отсто или 1.135 гласачи
до 11 ч. 12,25 отсто или 3940 гласачи
до 13 ч. 22,41 отсто или 7.379 гласачи
до 15 ч. 31,48 отсто или 10.377 гласачи
до 17 ч. 39.63 отсто или 13.050 гласачи
Засега изборниот процес во Кочани тече мирно и без проблеми. Избирачките места ќе бидат отворени до 19 ч.
Право на глас во Кочани имаат 32.446 гласачи.
Граѓаните на Кочани бираат помеѓу шест кандидати за градоначалник и девет советнички листи.
И. Матеничарски



