Лишен возач во Кочани, возел под дејство на алкохол, претходно предизвикал и сообраќајка

Нa 22.11.2025 во 01:26 часот на ул. „Никола Карев“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.К.(20) од с.Прибачево.


При преземање мерки по претходно случена сообраќајна незгода, во која Д.К. учествувал со патничко возило „фиат“ со кочански регистарски ознаки, било констатирано дека Д.К. е под дејство на алкохол, односно дека во организмот има 1,58 промили алкохол во крвта.


МВР

Сподели: